Дабар / Фото: Huber images / Profimedia

Ги немаше цел век, а сега дабарите ја поплавија Хрватска и прават проблеми

Жителите покрај потокот Копривница во Хрватска, веќе извесно време се жалат на штетите што дабарите ги направиле во нивните бавчи и дворови. Неговата должина може да достигне и до еден метар, тежи и до 30 килограми, а кога случаен минувач ќе го види во водата, често се мисли дека големо куче бара заштита од сонце.

Како што објаснува за Хина, Крешимир Крапинец, професор на Шумарскиот факултет во Загреб, дабарите биле пуштени во природата на неколку места во Хрватска со цел да се врати нивното присуство. Меѓу локалитетите каде што бил пуштен дабарот во 1997 година е и реката Драва кај Леград. Не му требаше многу време за да се рашири со огромна брзина како инвазивен вид.

Дабарите се шират побрзо од очекуваното и предизвикуваат се повеќе главоболки кај жителите покрај реките, потоците и езерата, како и кај експертите кои се грижат за балансираното присуство на животински видови. Дотолку повеќе што сè уште нема план за управување со овој најголем глодар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот