Марко Бушман / Фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Германскиот министер за правда смета дека построгите казни нема да се доволни за да се спречи агресијата врз политичарите

Построгите казни нема да бидат доволни за да се спречи растечката агресија врз политичарите, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман.

– Обидот да се реши социјалниот проблем на општата брутализација на политичките дебати само со помош на кривичното право ќе биде неуспех, изјави за ДПА политичарот од либералната Слободна демократска партија, најмалиот партнер во владејачката трипартиска коалиција.

Сепак, тој е подготвен да ги разгледа предлозите на федералните провинции во областа на кривичното право.

Сојузниот министер за внатрешни работи и државните министри за внатрешни работи во вторникот одржаа видео-конференција по бруталниот напад врз водечкиот кандидат за европските избори во Саксонија на германската Социјалдемократска партија (ГСДП), Матијас Еке.

Во заедничката резолуција, министрите за внатрешни работи побараа од министрите за правда што е можно поскоро да истражат дали „конкретната неправда што може да се види во фактот дека ваквите напади се закана за демократијата“ веќе е доволно рефлектирана во кривичното право. Исто така, треба да истражи дали „е кривично дело намерно ширење дезинформации со цел да се влијае на изборите или да се зголеми насилството“.

ДПА потсети дека зачестуваат нападите врз политичарите во Германија.

Зошто германските политичари се соочуваат со растечко насилство?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот