
Германската полиција уапси 750 криминалци, запленувајќи дрога и оружје
Германските власти потврдија дека полицијата уапсила повеќе од 750 лица и заплениле големи количини на оружје и дрога откако добиле пристап до комунициските сервери кои ги користеле криминалците.
Препорачано
Сојузната криминалистичка служба на Германија (БКА) соопшти дека денеска ова апсење беше овозможено поради пробивањето на шифрите на серверите на ЕнкроЧет, кои криминалците ги користеле за размена на пораки преку телефоните, пренесува Ројтерс.
БКА објасни дека примила податоци за околу сто илјади разговори преку ЕнкроЧет во април 2020-та година и дека успеале да идентификуваат илјадници корисници, а како резултат на акцијата, властите запленија околу 3,2 тони канабис и стотици килограми синтетички лекови, кокаин и екстази. Во овие операции полицијата исто така заплени 310 огнени оружја и преку 12 илјади куршуми.
Француски и холандски истражувачи минатата година се поврзале на платформата која имала преку 60 илјади корисници од целиот свет, а благодарејќи на тоа изведоа бројни апсења и размениле податоци преку Европол, со што властите на државите можеле да го извршат апсењето.
ЕнкроЧет, кој сега е изгасен, ги советувал своите корисници да ги уништат своите телефони. откако функционирањето на апликацијата беше загрозено.