Фото: EPA-EFE/MICHAEL KAPPELER

Германската армија има потреба од уште 100.000 активни војници

Германската војска мора да додаде уште 100.000 активни војници на постојните 62.000 за да ги исполни новите цели на НАТО насочени кон зголемување на подготвеноста за растечката закана од руска агресија, според доверлив воен документ објавен од Ројтерс.

„Императив е армијата да стане доволно подготвена за војна до 2029 година и да ги обезбеди капацитетите што Германија ги вети (на НАТО) до 2035 година“, напиша началникот на германската армија, генерал-потполковник Алфонс Мајс, во писмо од 2 септември, упатено до началникот на Генералштабот за одбрана, генерал Карстен Бројер.

Во писмото, Мајс наведува дека постигнувањето на овие цели е невозможно со моментално овластениот број на персонал, кој вклучува и 37.000 неактивни војници.

Германија веќе почна да ги зголемува своите обврски кон сојузниците во Источна Европа, со воспоставување на германска бригада во Литванија, која ќе брои околу 5.000 војници, како и распоредување на поморски патроли во Балтикот за борба против подводни саботажи.

Мејс повика на зголемување од околу 45.000 активни војници до 2029 година, годината кога НАТО алијансата предводена од САД изјави дека очекува Русија да биде способна за напад од големи размери врз западните сојузници.

Москва досега постојано негираше каква било намера да започне војна против НАТО или неговите членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот