Знаме на Косово
Знаме на Косово / Фото: EPA-EFE/PETRIT PRENAJ

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Германската амбасада во Косово денеска соопшти дека писмото на министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, во кое наведува дека Владата подготвува свој нацрт на Статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), што ќе го испрати до Уставниот суд до крајот на мај, не претставува исполнување на бараните услови или чекор што се очекува од Косово.

„Квинта и другите постојано нагласуваат дека од Косово се очекува да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО со цел да се постигне потребното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри за апликацијата за членство да биде успешна.

Според наше мислење, поднесувањето нацрт-статутот до Уставниот суд пред седницата на Комитетот, би бил таков чекор“, изјави портпаролот на германската амбасада Кристијан Бочер за порталот Експрес, пренесе Бета.

Пред неколку дена Германија и Франција побараа од Косово да преземе итни и конкретни чекори кон формирањето на ЗСО во замена за добивање на нивната поддршка за конечното гласање за членство на Косово во Советот на Европа.

Косовскиот премиер Албин Курти го одби тоа барање, поради што гласањето за прием на Косово не беше ставено на агендата на Комитетот на министри на земјите-членки на СЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!