Фото: FIBA

Германија продолжи да доминира и ја оствари најубедливата победа на Евробаскетот

Кошаркарската репрезентација на Германија ја забележа највисоката победа досега на Европското првенство, откако попладнево ја декласира Велика Британија со убедливи 120-57.

Германците уште еднаш демонстрираа доминација, слично како и на претходните три натпревари, наметнувајќи брз ритам и агресивна офанзива од самиот почеток. Веќе во првата четвртина постигнаа 32 поени, со што најавија каков ќе биде текот на натпреварот.

До полувремето, Германија ја зголеми предноста, па на пауза резултатот гласеше 58-31, со што веќе беше јасно дека победникот е веќе решен.

Во второто полувреме, разликата само продолжи да се зголемува. Селекцијата на Велика Британија немаше одговор ниту во одбраната ниту во нападот, па на крајот натпреварот заврши со 63 поени разлика, досега највисока на турнирот.

Најрасположен за игра кај Германија беше Тристан Да Силва, кој натпреварот го заврши со 25 поени, а значителен придонес дадоа и Денис Шродер со 19, како и Вагнер со 18 поени. Во редовите на Велика Британија, единствени двоцифрени стрелци беа Мајли Хасон и Патрик Велан, со по 11 поени.

Црна Гора ја доби Шведска и ќе игра за осминафинале на Евробаскетот, Турција лесно против Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот