Фото : Архива

Германија: Пристигна првиот танкер со течен природен гас од САД

Во германското пристаниште Вилхелмсхавен во Северно Море денеска пристигна првата редовна пратка на течен природен гас (ЛНГ) од САД.

Испораката е дел од напорите на Германија да ги обезбеди потребните количини природен гас, што претходно ги набавуваше од Русија.

Танкерот „Марија енерџи” се закотви во пристаништето Вилхелмсхавен, каде течноста повторно ќе се претвори во гас во специјален пловечки терминал што минатиот месец го отвори канцеларот Олаф Шолц.

Терминалот Вилхелмсхавен е еден од неколкуте такви што треба да и помогнат на земјата да го избегне недостигот на гас.

Сепак, екоактивистите се заканија со протести, тие инсистираат Германија да престане да увезува фосилни горива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот