Авиони/Фото: EPA/FRANCO LANNINO ANSA

Германија одобри извоз на авиони Еурофајтер во Турција

Германската влада даде зелено светло за извоз на авиони „Еурофајтер тајфун“ во Турција, изјави турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер за време на телевизиски говор, објави украинскиот портал Милитарниј.

Според него, германската влада конечно одговорила позитивно на извозот на борбени авиони од ваков тип во Турција во рамките на создавање доверлив круг на добавувачи.

За да се донесе оваа одлука, земјите од конзорциумот, односно Велика Британија, Шпанија и Италија, извршија значителен притисок за спроведување на овој договор за извоз и добивање дополнителен придонес во развојот на програмата Еурофајтер.

Одлуката за набавка на овој тип авиони е поврзана и со зајакнувањето на грчкото воздухопловство кое од Франција добива модерни ловци Рафал, така и со неуспешните преговори за набавка на американски борбени авиони Ф-35А.

Новиот авион ќе може да го одржи паритетот на силите во регионот и да им обезбеди на турските воздухопловни сили нови и модерни авиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот