Германија/ фото: Pixabay

Германија обвини Американец за соработка со кинеска разузнавачка служба

Германското обвинителство подигна обвинение против американски државјанин, кој се товари дека нудел чувствителни воени информации на кинеските разузнавачки служби, пренесе „Политико“. Обвинетиот беше уапсен пред речиси една година во Франкфурт.

Федералниот државен обвинител соопшти дека лицето, идентификувано како Мартин Д., поранешен изведувач за Министерството за одбрана на САД, се соочува со обвиненија за делување како агент на странска разузнавачка служба во „особено сериозен случај“.

Случајот ќе се разгледува пред Сенатот за државна безбедност на Вишиот регионален суд во Кобленц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот