Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германија го запира Северен поток 2 како дел од санкциите против Русија

Германија презеде чекори за да го запре процесот на сертификација на рускиот гасовод Северен тек 2, изјави канцеларот Олаф Шолц, пренесува АП.

Ова е една од првите мерки на Западот против Русија поради кризата во Украина.

Шолц им рече на новинарите во Берлин дека неговата влада презема мерки како одговор на активностите на Русија во Украина.

Гасоводот што испорачува природен гас од Русија до Германија долго време е предмет на критики од САД и некои европски земји, кои тврдат дека ја зголемува зависноста на Европа од руската енергија.

Шолц рече дека владата одлучила да ја „преиспита“ сертификацијата на гасоводот, кој сè уште не е оперативен, во светлината на неодамнешните настани.

– Дефинитивно ќе биде потребно време, ако можам да го кажам тоа, додаде тој.

Северен поток 2 е гасовод со капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно, кој се протега од брегот на Русија преку Балтичкото Море до Германија. Во моментов негов оператор е Nord Stream 2 AG со единствен акционер Газпром.

На јавноста по овој повод ѝ се обрати Дмитриј Медведев преку својот Твитер профил.

„Добредојдовте во новиот свет каде што Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за гас“, изјави рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот