Георг Георгиев, министер за надворешни работи на Бугарија/ Фото: Фејсбук

Георгиев ѝ се пожали на ЕУ: Македонија упорно не ги исполнува обврските

Бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во писмо до своите колеги од земјите-членки на Европската Унија ја изразил загриженоста на Бугарија за континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската унија“.

Во писмото, како што објави БГНЕС, Георгиев ги информирал за најновите обиди на Македонија да компромитира важни елементи од европскиот консензус“.

„Пакет-договорот одобрен на европско ниво во јули 2022 година останува единствениот можен пат напред за оваа земја-кандидат за ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, сведоци сме на политика на конфронтација, провокација и непочитување на обврските, вклучително и намерно оспорување на клучните договори пред Уставниот суд во Скопјe“ стои во писмото кое го пренесе БГНЕС.

Георгиев е дециден дека не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти.

„Бугарија очекува од својот сосед да ги исполни своите обврски со добра волја, на што постојано инсистираше самиот Европски совет. Остануваме на мислењето дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е сите земји да учествуваат во овој најуспешен проект наречен Европска Унија. Подготвени сме да му помогнеме на Скопје на неговиот европски пат во процесот на реформи, доколку членството во обединета Европа е вистинскиот избор на неговата влада“ додава Георгиев во писмото.

Еврокомесарката Марта Кос денеска порача дека процесот на проширување треба да продолжи да се базира на Критериумите од Копенхаген.

„Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги исполнат Копенхашките критериуми”, нагласи Кос на заедничката конференција за новинари со данската министерка за европски прашања Мари Бјере и еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт по завршувањето на неформалната средба на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и на кандидатите за членство во Копенхаген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!