Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Гатузо: Натпреварот против Израел беше најлудиот откако сум тренер

Италија вчера одигра неверојатен натпревар во кој славеше над Израел со 4-5, а селекторот Џенаро Гатузо призна дека ова било најлудиот натпревар во неговата тренерска кариера.

Израелците започнаа агресивно и рано поведоа со автоголот на Мануел Локатели, а потоа дојдоа и до водство од 2:1 по погодокот на Дор Перец. Мојзе Кин двапати ги враќаше „аѕурите“ во игра, за потоа Матео Политано да постигне гол по атрактивна асистенција со пета од страна на Матео Ретеги. Италија поведе и со 4:2, тогаш изгледаше дека нема да има проблеми за избраниците на Гатузо, но Израел во завршницата со два гола во две минути дојде до 4:4. Победата веднаш по израмнувачкиот гол во следниот напад за Италија ја обезбеди Сандро Тонали.

„Денеска беше вистински хаос. Ова е најлудиот натпревар кој сум го водел како тренер. Ако сакаме да играме на одреден начин, мора да се подобриме.“

Гатузо објасни дека неговиот тим направил серија тактички грешки кои Израел знаел како да ги казни.

„Бевме премногу офанзивни, постојано трчавме напред, а тоа беше токму она што Израел го чекаше, секоја контра ни беше казна. Кога веќе водевме, можевме да играме подисциплинирано, подлабоко во одбраната.“

Под водство на Гатузо, Италија на првите две средби постигна дури 10 гола, но прими и четири.

„Израел нè изненади со тоа што од стартот играа човек на човек, но секојпат кога ние напаѓавме  им правевме проблеми. Не бевме доволно свежи, а тоа е нормално по две средби за неколку дена, токму на тоа мораме да работиме“, истакна Гатузо.

Во својата група Италија е второпласирана со девет бода колку што има и Израел, Норвешка е лидер со 12, но „Аѕурите“ и Норвежаните имааат и натпревар помалку. Последни во групата се Естонија и Молдавија.

ВИДЕО | Каков меч во Дебрецин: Девет гола, пресврти и триумф на Италија против Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот