
ГАЛЕРИЈА | Почна протестот на скопскиот плоштад: „Системот е следен“
Голем број граѓани се собраа вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на протест по повод трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе, а речиси 200 беа повредени.
Препорачано
Протестот е во организација на иницијативата „Кој е следен?“. Насобраните граѓани носат голем транспарент со натпис „Системот е следен“. Меѓу другите транспаренти на протестот се забележуваат и натписи: „Колку животи ви тежат џебовите?“, „Сè е во наши раце“, Drejtësi-Përgjegjësi („Правда-одговорност“).
„Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ден во својата историја и за тоа мораат сите виновни да сносат одговорност. Не смееме да бидеме повеќе сведоци на грозоморни настани, кои немаат правни разрешници, кои немаат последици за сторителите и кои не ветуваат дека во иднина тие нема да се повторат. Несреќите почнуваат да се множат, а нивните жртви стануваат се побројни“, велат организаторите, кои бараат „дисциплинска, кривична и/или политичка одговорност за сите одговорни за пожарот во Кочани.
Погледнете ја атмосферата на почетокот на протестот низ фотографиите на фоторепортерот на „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ.










