Архепископот г.г. Стефан/Фото: МИА

Г.г Стефан: Признавањето на МПЦ-ОА од Православната црква на Америка е доказ за братска љубов

Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Православната црква на Америка е уште еден доказ за братската љубов и заедништвото меѓу православните цркви, изјави архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.

Во интервју за весникот „Македонија“ од Торонто, тој најави дека на 2 септември во Вашингтон ќе служи заедничка литургија со поглаварот на Православната црква во Америка, митрополитот Тихон.

„Оваа одлука е уште едно сведоштво за убавината на братската љубов. Се надеваме дека и другите сестрински цркви кога ќе дојде времето ќе ја донесат истата одлука“, порача архиепископот.

Тој во моментов е во канонска посета на Американско-канадската епархија, по повод 60-годишнините од осветувањето на храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ во Охајо и „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Архиепископот Стефан на Македонците во дијаспората им порача редовно да ја посетуваат црквата, да се причестуваат, да ги поддржуваат своите општини и што почесто да ја посетуваат Македонија за децата и внуците да ја запознаат земјата на своите предци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот