принтскрин

Фудбалерите на Ајакс и Хераклес во борба против расизмот: стоеја на теренот една минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс заедно со колегите од Хераклес го воодушевија фудбалскиот свет кога одлучија првите 60 секунди од натпреварот да не играат фудбал и да стојат мирно, во знак на поддршка на борбата против расизмот.

Оваа одлука на фудбалерите на Ајакс беше прифатена од противникот, Хераклес, но и од судиите кои не правеа проблем. Причина за овој потег беа немилите сцени на натпреварот од минатата недела во втората лига, помеѓу Ден Бош и Ексцелсиор. Имено, фудбалерот на Ексцелсиор, Ахмад Мореира, беше навредуван на расна основа од страна на навивачите на Ден Бош.

Мореира минатата недела го напушите теренот, а поддршка доби холандскиот репрезентативец, Мемфис Депај.

„Кога ќе престане ова лудило? Уморен сум од тоа што се случува на терените“, напиша Депај на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот