ФСБ / Фото: Твитер принтскрин

ФСБ уапсил оперативец на украинските служби кој подготвувал терористички напади во Русија

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека во Санкт Петербург е приведен маж осомничен за помагање на украинските специјални служби во подготовката на терористички напади врз руски воени лица и членови на нивните семејства.

Според ФСБ, уапсениот руски државјанин, роден во 1977 година, собирал информации за живеалиштата на припадниците на руското Министерство за одбрана, како и за возилата што ги користеле тие и нивните семејства, објави Риа Новости.

Податоците наводно биле користени за планирање и извршување терористички акти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот