Фрчковски Љубомир / Фото: Архива на Слободен печат

Фрчкоски амбасадор на ОН во Њујорк: Пендаровски го назначи со указ

Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк.

Со тоа претседателот ја прекина повеќе месечната блокада во Комисијата за надворешна политика во Собранието, каде според процедурите, Фрчковски требаше да ги презентира своите тези.

„Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите нации таква седница воопшто не беше закажана“, информираа од Кабинетот на претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!