Фрапорт затвора 4.000 работни места

Операторот предвидува дека воздушниот сообраќај, кој доживеа колапс за време на пандемијата, нема да се опорави во наредните неколку години.

Германскиот аеродромски оператор Фрапорт објави дека има намера да укине 4.000 од вкупно 22.000 работни места.

Операторот предвидува дека воздушниот сообраќај, кој доживеа колапс за време на пандемијата, нема да се опорави во наредните неколку години.

Фрапорт во соопштението наведува дека очекува обемот на авио – сообраќајот оваа година да изнесува 30 – 40 отсто во однос на нормални ситуации, а дека следната година тој ќе биде за 50 отсто помалку во споредба со вообичаеното функционирање.

Германската компанија, која меѓудругото е сопственик на 75 отсто на аеродромот во Љубљана Јоже Пучник, предвидува дека до 2022 и 2023 година сообраќајот ќе биде за 15 – 20 отсто помал во споредба со 2019 година.

Фрапорт управува со германскиот аеродромот со налмногу слетувања и полетувања во Франкфурт.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот