
Франција, Германија и Шпанија постигнаа договор за новиот европски борбен авион
Според кабинетот на француската министерка Флоренс Парли, „фазата 1 Б” од истражувањето до 2024 година ќе чини 3,5 милијарди евра, што подеднакво ќе го финансираат трите земји.
Франција, Германија и Шпанија денеска соопштија дека постигнале договор за идниот воздухопловен борбен систем (SCAF), што се очекува во 2027 година.
Препорачано
„Разговорите … во последните месеци овозможија да се постигне избалансиран договор меѓу различните партнери за следната фаза од програмата”, се наведува во заедничкото соопштение на министрите за одбрана на трите земји.
Според кабинетот на француската министерка Флоренс Парли, „фазата 1 Б” од истражувањето до 2024 година ќе чини 3,5 милијарди евра, што подеднакво ќе го финансираат трите земји.
„Фаза 2″ го вклучува прототипот на авион што се очекува во 2027 година.
„Соодветните државни аранжмани сега се подготвени да ги следат државните административни процеси заради формалната валидација”, соопштија министрите на трите земји.
Франција и Германија во 2017 година го почнаа проектот, на кој подоцна му се придружи и Шпанија. SCAF треба до 2040 година да ги замени борбените авиони „Рафал” и „Еурофајтер”.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5