
Франција во проблем: Еден од најдобрите во репрезентацијата го заврши настапот на Евробаскетот
Кошаркарската репрезентација на Франција доби сериозен удар во пресрет на елиминационата фаза од Евробаскетот, Алекс Сар, еден од најважните играчи во репрезентцијата го заврши турнирот поради повреда.
Препорачано
Перспективниот НБА кошаркар се повреди на натпреварот против Словенија, а деталните лекарски прегледи потврдија дека станува збор за повреда на листот, која ќе го оддалечи од паркетот најмалку неколку недели. Со тоа, неговото учество на континенталниот собир заврши предвреме.
Оваа вест дополнително ја комплицира ситуацијата на Французите, кои сè повеќе се соочуваат со кадровски проблеми. Сар е само уште едно име на веќе предолгата листа на повредени ѕвезди на Евробаскетот. На неа веќе се наоѓаат и Богдан Богдановиќ (Србија), Рокас Јокубаитис (Литванија), Јоханес Војтман (Германија), Андрејс Гражулис (Летонија) и Сим-Сандер Вене (Естонија).
Недостигот на клучни играчи во завршницата од шампионатот сигурно ќе го промени текот во борбата за медали, а селекторите ќе мора да бараат нови решенија во најважниот дел од турнирот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5