Ракетен систем ХИМАРС фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Франција прави напори да создаде европска алтернатива на ХИМАРС

До средината на 2026 година, Франција планира да тестира локално развиен ракетен артилериски систем како алтернатива на американскиот ХИМАРС, во обид да им понуди на европските сојузници сопствено тактичко решение за огнена моќ со среден дострел.

Во моментов, францускиот генерален директорат за вооружување ДГА спроведува технички проценки за да се обезбеди првото демонстративно лансирање во рок од една година.

ДГА  работи паралелно со два конзорциуми – „Сафран“ и „МБДА“ од една страна, и „Тхелс“ и „Ариан груп“ од друга – за да ја избере најдобрата опција за тактичка способност за удар со домет до 150 километри.

Франција, покрај замената на постојниот систем Ланс (ЛРУ), модифицираната верзија на американскиот M270 МИЛРС, кој постепено ќе биде укинат во 2027 година, се обидува да обезбеди стратешка автономија во одбранбениот сектор преку развивање домашно оружје.

„Сафран“ и „МБДА“ напредуваат во спроведувањето на амбициозната програма на ДГА, со првото тестирање на системот планирано за средината на 2026 година. Од друга страна „Тхелс“ и „Ариан груп“ исто така развиваат сопствено решение, но без прецизен датум за тестирање. Повеќемесечната соработка меѓу двете компании е насочена кон понуда на „релевантен и суверен“ систем.

Францускиот одговор на Европа за ХИМАРС

Како дел од буџетот за одбрана 2024-2030 година, Франција одвои 663 милиони долари за програмата „Флех лонг порт терест“ (ФЛП – Т), со цел да се здобијат со најмалку 13 системи до 2030 година и вкупно 26 до 2035 година.

Европа во моментов нема домашен еквивалент на ХИМАРС. Повеќето европски земји се одлучија за американско израелскиот „ПУЛС“ или корејскиот „Чунмо“ ракетни фрлачи. Францускиот ФЛП-Т би можел да стане единствената целосно европска алтернатива, која би ги задоволила и геополитичките и безбедносните критериуми во сегашната нестабилна глобална клима.

Франција: Нашиот пристап е иновација, конкуренција и европска одбранбена независност

Во меѓувреме секоја од двете конзорциуми ќе спроведе пробно лансирање на нивниот прототип, пишуваат медиумите. По истекот на 18-месечните договори, ДГА ќе го избере оптималното решение за сериско производство, вклучително и „решенијата кои се надвор од полицата“ доколку ги исполнуваат барањата за изведба.

Договорите за иновации, исто така, вклучуваат „значителен степен на самофинансирање“, истакна директорот на „Сафран електроникс“ Френк Содо.

Новите системи ги заменуваат преостанатите девет американски M270 на шасијата Бредли – единствените борбени системи од американско потекло кои сè уште се активни во француската армија.

Последна шанса за европски ракетен систем?

Инаку пазарот брзо се полни а многу земји веќе ги набавија ХИМАРС, Пулс или Чинмо.

Меѓутоа, ако ЕУ дополнително ги стимулира своите членки да инвестираат во домашните капацитети, ФЛП-Т би можел да го обезбеди своето место како единствен суверен ракетен систем развиен и произведен во Европа, без американски извозни ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!