Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан/ Фото: МИА

Франција ги повлекува амбасадорите во САД и Австралија на консултации

Франција соопшти дека одлучила да ги повлече своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, откако Австралија постигна договор со САД и Велика Британија, со кој заврши спогодбата за набавка на подморници од Франција вредна 40 милијарди долари.

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан нагласи во соопштението дека ретката одлука донесена од францускиот претседател Емануел Макрон се должи на сериозноста на случувањето.

САД, Австралија и Велика Британија одлучија да достават нови нуклеарни подморници за Австралија.

Трите земји објавија дека ќе воспостават воено-безбедносно партнерство во Индо-пацифичкиот регион и во таа смисла ќе и помогнат на Австралија да набави американски подморници со нуклеарен погон, поради што Австралија ја откажа нарачката од Париз од 40 милијарди долари за набавка на француски подморници.

Франција остро реагираше на веста за откажувањето на нарачката од Австралија, а министерот за надворешни работи, Ле Дриан, оцени дека со таа одлука Австралија „и забодела нож во грб на Франција”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот