
ФОТО+ВИДЕО | Кејот на Вардар во Аеродром како дивина, полн со купишта земја и израснати треви
Скопје буквално се распаѓа и не може да се најде ниту еден дел кој е чист и уреден како што тоа му доликува на главен град.
Препорачано
Жителите на Аеродром, кои пешачат или возат велосипеди по патеката покрај Вардар, секојдневно се соочуваат со запуштен кеј, преполн со купишта земја, гумени црева кои се протегаат покрај патеката и израснато зеленило и грмушки.
Израснатите грмушки од двете страни на Вардар длабоко се навлезени во водата, како реката да тече низ ненаселен предел, а не низ урбан дел.

Всушност за овој дел, од Град Скопје уште летото 2022 година информираа дека екипи на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работат на реализацијата на првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ. Во втората фаза требаше да се уреди кејот до паркот на езерата, а во третата до мостот „Тодор Александров“. Покрај реконструкција на патеката, екипи на „Паркови и зеленило“ требаше и хортикултурно да го уредат просторот.

Реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар ќе се одвива во три фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани – соопштија тогаш од Град Скопје.
Три години подоцна, кејот на Вардар во овој дел е уште еден доказ на неодговорноста на локалните власти, кој покажува дека сите најави не доживуваат реализација и дека никому од надлежните не му е грижа за градот.