
ФОТОГАЛЕРИЈА | Чипка, готика и голи тела на црниот тепих на наградите Ем-ти-ви
Ем-ти-ви видео музичките награди што се одржаа во средата во Њујорк, САД, не донесоа големи изненадувања. Тејлор Свифт беше апсолутна победничка со седум освоени награди.
Препорачано

Настрана музиката, кога станува збор за стилот на годинашниот црн тепих на настанот, видео наградите на Ем-ти-ви имаат репутација како одлично место за необични креации и комбинации од 1984 година, кога Мадона ја изведе „Like A Virgin“ во венчаница.

Неколку ѕвезди носеа изданија за кои се верува дека се омаж на познатиот стајлинг на Мадона, вклучувајќи ги Адисон Реј и Анита, додека Сабрина Карпентер го избра винтиџ фустанот на Боб Меки што Мадона го носеше на Оскарите во 1991 година.


Имаше уште неколку модни враќања и носталгии, како фустанот на Холси од архивата на „Версаче“ што го носеше Елизабет Харли во 1996 година, додека Глорија имаше фризура инспирирана од покојната Лиза Лопез.

Тејлор Свифт се појави во креација на „Диор“ со жолт кариран дезен, во комбинација со црни шорцеви и чизми над колената.

Имаше и готика, многу шлицови, чипка… и забава, како и секогаш со оваа церемонија.

ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Најнаградувана пејачка на видео музичките награди на Ем-ти-ви
Без големи изненадувања: Победници и губитници на Ем-ти-ви видео музичките награди