Студентски собир по повод 40 дена од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ФОТО/ВИДЕО: Студенти одржаа 63-минутен молк пред Кривичниот суд во чест на жртвите од дискотеката ,,Пулс”

Студентското пленумско движење денеска одржа собир по повод 40 дена од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Студентски собир по повод 40 дена од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во трагичниот пожар во Кочани животот го загубија 62 млади луѓе, а речиси 200 беа повредени. Голем број од нив сè уште се на лекување во болници во земјава и во странство.

Студентски собир по повод 40 дена од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Студентите се движеа од платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кон Основниот кривичен суд, каде запалија свеќи и одржаа 63-минутен молк во сеќавање на загинатите во дискотеката „Пулс” и возачот на Итната помош Илчо Гоцевски, кој почина откако цел ден ги пренесуваше повредените во скопските болници.

Студентски собир по повод 40 дена од трагедијата во Кочани / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот