Миле Бошњаковски и Иоана Косма
Миле Бошњаковски и Иоана Косма / Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

ФОТО | Соработка на Кабинетот на претседателот Пендаровски и Интернационалната фондација за изборни системи

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и Интернационалната фондација за изборни системи денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот произлегува од заемниот интерес за зајакнување на меѓусебната соработка, со цел поддршка на Кабинетот на претседателот во реализација на активности кои се спроведуваат во рамки на Претседателскиот центар за политичко образование, соопшти Кабинетот на претседателот.

Активностите заеднички ќе се реализираат во неколку области, односно, спроведување истражувања, подготовка на анализи, организирање на едукативни семинари, јавни дебати и конференции.

Меморандумот го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски и Иоана Косма, резидентен директор на Интернационалната фондација за изборни системи.

Заложбите на Претседателскиот центар се во насока на јакнење на културата на дијалог во духот на демократските вредности, заштита на човековите права и слободи, промоција на политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност, придонесувајќи за севкупно вклучување на политичкото образование во формалниот и неформалниот образовен систем, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.

Миле Бошњаковски и Иоана Косма
Фото: Кабинет на претседателот Стево Пендаровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот