
ФОТО: Словенечката шефица на дипломатијата пречекана со словачко знаме во кабинетот на Османи
Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон во кабинетот на својот колега Бујар Османи беше пречекана со знамето на Република Словачка.
Препорачано
Иако шефицата на словенечката дипломатија на фотографии со Османи изгледа расположено, сепак воопшто не е пристојно, а најмалку пред неа да стои знамето на друга земја.


Нема информација дали овие насмевки на лицата на Фајон и Османи е поради нејзината забелешка за словачкото знаме во кабинетот на својот македонски колега.
На средбата меѓу двете делегации, како и на прес конференцијата уредно беше поставено словенечкото знаме. Министерот Османи се пофали со фотографии и видео од средбата со Фајон, но ги изостави овие фотографии снимени во неговиот кабинет.
Ова не е единствен гаф на државниот протокол при пречекот на странските гости во Република Северна Македонија.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц во Скопје пред Владата, од Заев беше пречекан со летонско знаме. Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ беше дочекан во претседателската вила на Водно со црногорското знаме свртено наопаку, по што се извини претседателот Стево Пендаровски.
Впечатлива е и грешката на локално ниво, кога францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, на средбата со претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, беше пречекан со холандско знаме.