фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТО | РК Алкалоид го доби пехарот од ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2024/25

Како што и беше најавено, пред стартот на реванш натпреварот од квалификациите за ЕХФ Европската лига против ТСВ Хановер-Бургдорф од Германија, на ракометниот клуб Алкалоид му беше доделен пехарот за освојување на ЕХФ Европскиот ку за минатата натпреварувачка сезона 2024/25.

Тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров вечерва во салата „Автокоманда“ во Скопје пред своите верни навивачи го доби европскиот трофеј.

Потсетување, во финалето на ЕХФ Европскиот куп македонскиот претставник излезе како победник во финалето против грчкиот состав на АЕК Атина.

Пехарот го додели Божидар Ѓурковиќ, претставникот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

За ракометниот клуб Алкалоид, ова е трет освоен трофеј во историјата, по Суперкупот и Купот на Македонија.

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот