Фото: Слободен печат

ФОТО: Рајска градина со украсни птици во тетовско, незаменлива е топлината и убавината која ја даваат птиците, вели одгледувачот Премчевски

Потребни се средства, за да се занимаваш со ова хоби, но ако имаш љубов кон животните, сликата изгледа токму како во мојот дом. Вака ја започна приказната 27 годишниот Љубиша Премчески од тетовско Долно Седларце за неговата страст одгледување на ретки и украсни птици.

Фото: Слободен печат

Неговите миленици се сместени во дворот на неговиот дом во посебни опремени живеалишта.

Фото: Слободен печат

Ова хоби на кое што треба да му се посвети големо внимание не е застапено многу во нашата земја.
Секоја птица вели си има свои карактеристики и со секоја посебно е поврзан.

Фото: Слободен печат

Премчески упатува охрабрувачка порака до граѓаните да си изберат хоби за опуштање, во овие стресни времиња.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

„Ова е егзотично хоби, имам повеќе украсни птици, и тоа ретки, но чувам и фазани, свилени кокошки, папагали, и слично. Паунот претставува рајска птица, спецификата е плавозелениот пердув и опашката над 2 метри, а свилената кокошка се чува и како домашен миленик има свилен пердув, тие се многу добри мајки и примаат секакви птици за да ги одгледаат, шабото на пример се карактериза со кратки нозе. Кога имаш голема љубов и малку труд има резултати. Обврските не ми дозволуваат да се посветам повеќе, сабајле во 5 станувам им се посветувам на птиците, важна е храната, секоја птица бара посебна квалитетна храна, за да бидат здрави. Можам да кажам дека е скапо ова хоби и цената за да ги купиш овие птици е поголема оти ги нема многу во нашиот крај. Живееме во стресно време и секој може да си дозволи едно хоби, но фидбекот кој ни го враќаат птиците не може со ништо да се плати, нивната убавина и топлина е незаменлива, вели 27 годишниот Љубиша Премчески од тетовско Долно Седларце.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Тој е член на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ од Тетово, од каде како што вели добива голема поддршка.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

„Прекрасни живеалишта се овие тука во тетовско Долно Седларце. Љубиша е силен вљубеник има голем квалитет кај птиците и се надеваме дека на изложбите ќе постигнеме големи резултати, особено на европските. Пред коронавирусот имавме многу активности, сега ќе продолжиме понатака. Ќе организираме меѓународни изложби за да се дружиме и да размениме искуства. Мораме да се пофалиме дека сме членови на Европската асоцијација на украсни птици и сакаме да ги следиме светските трендови“, вели Ванчо Илиески, претседател на Здружението Дијамантски петел.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Здружение во соработка со Македонскиот сојуз на здруженија на одгледувачи на украсни птици и животни, најавува разни активности и изложби во периодов што следи.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот