Сателитски снимки од пожарите во Македонија/Фото: БНТ

ФОТО: Пожарите во Македонија се гледаат од вселената

Големите пожари кои со денови беснеат на македонската територија се гледаат и на сателитските снимки.

Вчерашните снимки гo покажуваат чадот од пожарот од големи размери во источниот дел на Македонија, како и помалите во реонот на Македонски Брод кај резерватот Јасен, кај Пехчево и Кратово и во реонот на Старо Нагоричане.

Во вторникот имаше вкупно 66 пожари на отворен простор, од кои 12 беа активни, 3 се под контрола и 51 се изгаснати.

Општините Свети Николе, Пробиштип, Куманово, Штип и Старо Нагоричане беа зафатени од огнената стихија. Најлошо беше во областа на Свети Николе каде во понеделникот  изгореа 40 куќи, а едно лице загина во пожарот во Кумановско.

Вчера ЦУК соопшти дека повторно е обезбедена меѓународна помош за гасење на пожарите преку ЕУ механизмот на цивилна заштита, по еден хеликоптер од Србија и Чешка и два ер-трактори од Германија кои треба да пристигнат и да се вклучат во гаснењето на пожарите.

Сателитската снимка којашто ја објавија бугарските медиуми покажува и два големи пожари на територијата на соседна Бугарија. Вчера напладне избувна пожар на Малешевска планина и зафати над 20.000 декари трева, грмушки, обработливо земјиште и шума. Видлив е и чадот од пожарот на бугарско-грчката граница во планината Славјанка.

Сателитски снимки од пожарите на македонска и на бугарска територија/Фото: БНТ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот