Фото: Принтскрин / Instagram

ФОТО | Пејачот се качил на маса и згазил празничен колач: Џибони каков што не сте го виделе до сега

На социјалните мрежи се појавија фотографии, прикажувајќи го пејачот Џибони, кој на божиќната забава на порталот Журнал во Загреб, понесен, пее и се движи на долга маса полна со храна.

Имено, Џибони во еден момент слегол од бината меѓу гостите и се качил на масата. Фотографиите на социјалните мрежи го покажуваат Џибони како гази меѓу чиниите со храна и се шета околу цвеќињата и свеќите кои се поставени на масите.

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Потегот на сплитскиот музичар ги налути присутните и тие имаа поплаки на социјалните мрежи.

„Не знам што е потажно, тимот што му аплаудира, го поддржува и снима додека гази храна или тој што сам го прави тоа“, напиша Тиа Мамиќ на објавената фотографија.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Буквално мочање по луѓето кои немаат храна сега пред Божиќ“, нaпиша еден корисник на социјланите мрежи. „Несоодветно во овој момент додека некои размислуваат дали ќе имаат што да јадат на Божиќ“, се согласи друг.

Некои видеа кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека Џибони не успеал да ја избегне целата храна шетајќи околу масата, па во еден момент згазнал на куглоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот