Запленет кокаин во Ел Салвадор/Фото: Икс

ФОТО | Околу два тони кокаин запленети во Ел Салвадор во операција на морнарицата

Морнарицата на Ел Салвадор пресретна брод што превезувал 1.795 килограми кокаин и уапси три лица на бродот (еквадорски државјани), објави вчера претседателот на земјата Наиб Букеле, поздравувајќи ја операцијата како голем удар врз меѓународните картели за трговија со дрога, пренесува порталот Ел Салвадор.

Бродот што го превезувал кокаинот бил пресретнат во морската област околу 2.130 километри југозападно од Бокана Ел Кордончило, според Букеле, кој рече дека проценетата вредност на дрогата на црниот пазар е 44,8 милиони долари (38,2 милиони евра).

Ел Салвадор и другите земји од Централна Америка се на рутата што ја следат синџирите за трговија со дрога од земји како Колумбија, Перу и Еквадор, наменети за северноамериканскиот пазар.

Од почетокот на минатата година, властите на Ел Салвадор запленија 39 тони дрога, чија вредност се проценува на околу 977 милиони долари (833 милиони евра), истакна претседателот Букеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот