Profimedia

ФОТО | Неверниот фудбалер на Манчестер сити го поминал Божиќ со сопругата, а на децата што ги има со бившата љубовница не им купил подароци

Минатата година, Кајл Вокер, фудбалерот на англискиот премиерлигаш Манчестер сити го поминал Божиќ во расправија со сопругата Ени Килнер, бидејќи неговата љубовница Лорин Гудман открила дека со фудбалерот го добила второто дете. Таа на 27 декември ѝ испратила порака на Ени и ѝ кажала дека добиле ќерка, по што „избувнал хаос“.

Ни ова година за Вокер Божиќ не бил многу поубав. Неговата сопруга пред неколку месеци поднела барање за развод, а неговата љубовница веќе некое време јавно го напаѓа. Сепак, Вокер сè уште не одговорил на нејзините напади и се чини дека не сака да има никаков контакт со неа ни со нивните две деца. Наводно, оваа година фудбалерот не им купил новогодишни подароци на нивните деца Каиро и Кинара.

Profimedia

Заедничките пријатели на Вокер и Гудман го советувале фудбалерот „да ја направи вистинската работа“ и да им однесе подароци на децата што ги има со Лорин, но тој не го сторил тоа.

„Тие се многу вознемирени поради децата и поради Лорин која секогаш се труди да прави добро за своите деца. Се надеваа дека Кајл ќе ги остави настрана нивните несогласувања заради добро на децата. Но да ги оставиш повторно без подароци навистина те ажно“, изјави извор за странските медиуми.

Profimedia

Фудбалерот оваа година Божиќ го поминал со сопругата Ени и со нивните деца.

„Ени и Кајл ќе бидат заедно овој Божиќ поради децата, но ситуацијата сè уште е на работ на конфликт. Токму кога мислат дека напредуваат, Лорин се појавува и предизвикува проблеми“, изјави изворот.

Вокер и Гудман пред четири години го добија синот Каиро, кој бил зачнат во периодот во кој Кајл и Ени биле разделени. Набрзо тие се смириле, а Лорин сама го одгледала синот. Потоа минатата година таа ја шокирала сопругата на Кајл, Ени, откако преку СМС открила дека има уште едно дете со фудбалерот, ќерката Кинара.

Profimedia

„Ени во тоа време беше бесна и со скршено срце, особено затоа што во тоа време беше бремена со своето четврто дете. Килнер и Вокер се обидоа да ги решат своите проблеми, но Ени одлучи дека „неверството“ е премногу за неа. Затоа во октомври му ги предаде документите за развод, а тоа го шокираше фудбалерот.“, открива изворот.

Лорин веќе некое време тврди дека Кајл ги напуштил нивните деца и дека нема никаква врска со нив.

„Се надевам дека нивниот татко ќе им се врати и ќе продолжи да гради врска со нив“, изјави неодамна таа.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот