Фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

ФОТО | Навивачите на Интер бесни, федерацијата ги забрани свирчињата за Лукаку

Навивачите на Интер се подготвуваат да му посакаат пеколно „добредојде“ на Ромелу Лукаку при гостувањето на Рома во недела, но во целост да ја исполнат својата намера ги спречува Фудбалската федерација на Италија.

Имено, навивачите подготвуваа 30.000 свирчиња кои сакаа да ги употребуваат секогаш кога Лукаку ќе ја допре топката.

Но, Фудбалската федерација на Италија им ги расипа плановите со забраната да се користат свирчиња за време на натпреварот. Ултрасите на Интер преку социјалните мрежи искажаа незадоволство од ваквата одлука.

„Свирчињата забранети!! 10.000 во Фиренца беа во ред пред две години. Законот не е еднаков за сите“, објавија фановите на „нероаѕурите“.

Ситуацијата на која потсетуваат навивачите на Интер се случи на натпреварот помеѓу Фиорентина и Јувентус во март 2022 година кога беше исвиркуван Душан Влаховиќ.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот