Лиам Нисон - Фото: EPA/NEIL HALL

ФОТО | Лијам Нисон го продаде својот пентхаус во Њујорк: Дали Памела е виновна?

Актерот Лијам Нисон го продаде својот пентхаус во Њујорк за 10,3 милиони долари, објави списанието „Пипл“, врз основа на записи за недвижности од 4 август. Ѕвездата на филмот „Голиот пиштол“, 73-годишниот Нисон, во март го рекламираше имотот со пет спални соби и бањи, што е комбинација од три одделни единици, за 10,75 милиони долари.

Нисон претходно се обиде да продаде куќа од 4.524 квадратни метри за 12,75 милиони долари во 2024 година, според списанието „Architectural Digest“, но потоа се откажал. Тој и неговата покојна сопруга, акерката Наташа Ричардсон, го купиле имотот во 1999 година за околу 3,9 милиони долари, според „Роб Рипорт“.

Во огласот се наведува дека куќата нуди прекрасен поглед на Централ Парк и реката Хадсон и е само еден блок од популарната туристичка атракција.

„По влегувањето во домот, има големо фоаје што води до аголна дневна соба, кујна со трпезарија и прозорци и голема соседна аголна семејна соба. Главната спална соба се одликува со погодности како што се луксузна када слична на спа, будоар и домашна теретана“, се вели во огласот.

Во меѓувреме, додадена е и перална.

„Исто така, има портир и надзорник кој работи 24 часакако и теретана со базен и кошаркарско игралиште.“

Нисон ги освојува насловните страници во последните денови, бидејќи неговиот филм „Голиот пиштол“ се појави во кината минатиот викенд, а потоа извор близок до актерот потврди за „Пипл“ дека тој излегува со својата колешка Памела Андерсон (58).

„Тоа е романса во рана фаза. Вистинска е и јасно е дека се заљубени“, рече изворот, додавајќи: „Пем и Лиам навистина уживаат во меѓусебното друштво. Тие не претеруваат и всушност се многу приземјени.“

Секако, по веста дека Нисон го продал пентхаусот, се појави информација дека тој и Памела веќе избираат дом за себе.

Памела, случајно или намерно, дополнително ја поттикна веста дека двајцата се во сериозна врска.

На својот инстаграм-профил, таа објави нивна заедничка фотографија и напиша: „Ги поканувам пријателите, семејството, љубовниците … кој и да е, да го гледа филмот во кината“.

За да биде сè уште поинтересно, нејзината објава ја лајкна и помладата сестра на покојната Наташа Ричардсон, Џоел Ричардсон, која стави неколку срциња под објавата на Памела и со тоа, според многумина, им го даде својот благослов на младенците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот