Profimedia

ФОТО | Ќерката на Клаудија Шифер е нејзина слика и прилика – Нејзиниот шарм и стилскиот печат не остануваат незабележани

Во 90-тите години, нејзината мајка беше дел од славната петорка супермодели, музата на Карл Лагерфелд, но и омиленото лице на Шанел и Версаче. Сексапилната русокоса, која многумина ја нарекуваа наследничка на Брижит Бардо и која се појави на повеќе од 100 насловни страници на престижниот „Вог“, сега има повеќе од достојна наследничка, ќерката Клементин Попи.

На врвот на својата слава, Клаудија Шифер го запозна човекот од нејзините соништа, режисерот Метју Вон, и се омажи за него пред 22 години. Во среќниот брак Клаудија и Вон добија тројца наследници – Каспар (21), Клементин Попи (20) и Козима (14) – кои поради одлуката на нивните родители јавноста ретко имаше можност да ги види.

Profimedia

Но, тоа сега се смени, барем во случајот со најстарата ќерка на Клаудија, нејзината слика и прилика – Клементин Попи. Токму таа одлучила да го искористи своето познато презиме и уште пославната мајка за да ја постигне кариерата за која сонува. На Инстаграм веќе подолго време споделува моменти од своето секојдневие, но се фали и со удобниот живот кој го живее.

Тоа дефинитивно вклучува гламурозни патувања, покани за најбараните модни настани, вечери во ресторани кои ги обожаваат познатите личности, но и пристап до плакарот на мајка ѝ, полн со дизајнерски работи.

Клементин со нејзиниот постар брат и помладата сестра растеле на имот во едно англиско села, во вила со 14 спални соби вредна девет милиони долари. Во тинејџерските години, нејзините родители купиле друга куќа, на другата страна на Обединетото Кралство, поради што наизменично живееле на две адреси, а нејзиниот татко, познат режисер, со хеликоптер пристигнувал дома од филмските сетови.

Како бебе позирала за „Вог“, во тинејџерските години не се двоумела да ја „украде“ облеката на мајка си, а иако официјално сè уште не е влезена во светот на моделството, таа не ја крие страста за модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clementine? (@clementinevaughn)

Иако Клементина засега се разликува од нејзината мајка по изборот на кариера, нивната блискост и заедничките интереси, особено во светот на модата, не можат да се игнорираат. Клаудија гордо зборува за тоа како Клементина најмногу ја фасцинира модата од 90-тите, често ја прашува како се облекувала тогаш и сака да носи „оверсајз“ парчиња, дуксери и ланчиња.

„Најемпатичната, но и најжестоката Скорпија на која на секоја работа што ја рабптеше ѝ велеа дека е највредна. Страсна, упорна и љубопитна, со најсилно чувство за себе и мудрост“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clementine? (@clementinevaughn)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот