Графит на Западниот ѕид во Ерусалим/Фото: Икс

ФОТО | Графитот „Во Газа се случува Холокауст“ во Ерусалим предизвика контроверзии во Израел

Графити со кои се осудува војната на Израел против Хамас во Појасот Газа се појавија на Западниот ѕид во Ерусалим, најсветото место на јудаизмот, предизвикувајќи бес во израелската политика.

„Во Газа се случува холокауст“, пишуваше на графитот, испишан со спреј на хебрејски јазик на јужниот дел од Ѕидот, позатскриено место каде што еврејските верници се молат без оглед на полот, за разлика од главниот дел од Ѕидот.

Графити со истиот слоган беа пронајдени рано утрово на фасадата на Големата синагога во Ерусалим, со додаток на хебрејски јазик на кој пишува „сè што објавувате е лага“.

Полицијата вчера објави дека уапсила 27-годишен осомничен, жител на Ерусалим, кој „ќе се појави на суд подоцна денес (…) со властите кои бараат продолжување на неговиот притвор“.

Сместен во Источен Ерусалим, дел од Светиот град окупиран и анектиран од Израел, Западниот ѕид е сè што останало од Вториот храм, уништен во 70 година од н.е. од Римјаните.

Рабинот на ѕидот, Шмуел Рабиновиц, го осуди сквернавењето, велејќи во соопштение дека „свето место не е место за изразување протести“.

Графитите предизвикаа едногласна политичка осуда

Крајнодесничарските министри во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, се прогласи за „шокиран“, а министерoт за финансии Безалел Смотричх рече дека сторителите „заборавиле што значи да се биде Евреин“.

Поранешниот министер за одбрана Бени Ганц, сега лидер на опозицијата, го нарече чинот „злосторство против целиот еврејски народ“.

Гилад Карив, прогресивен рабин и цврст поддржувач на прекинувањето на непријателствата во Газа, го осуди графитот на Икс како „најлошиот и најодвратен начин за подигање на свеста за потребата од прекинување на војната“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот