ФОТО | Голем ден за српската економија: Јапонски „Тојо Тајерс“ инвестира 382 милиони евра во нова фабрика за гуми во Европа

Една од најголемите светски компании за производство на гуми „Тојо Тајерс“ денеска започна со изградба на фабрика во Инѓија, а на свеченоста по повод поставување на камен темелникот присуствуваше и српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Тој го оцени настанот како најголема јапонска инвестиција во Србија на што претходеа три и пол годишни преговори. Фабриката, според најавите, ќе врабори 560 работници.

Фото: Инстаграм / buducnostsrbijeav

– Оваа компанија ќе извесува 240 милиони евра и тоа ќе огромен двигател за нашата земја. Преговорите ги почнавме во мај во 2017 година за ваков гигант, конечно, да донесеме во Србија. Инвестијата е од големо значење за Инѓија, но и за цела Србија. Извозот на „Тојо Тајерс“ ќе биде на ниво од 240 милиони евра и ќе претставува еден од најголемите извозници од кај нас, изјави Вучиќ и најави инвестиции и од други јапонски компании во иднина.

Претседателот на Општина Инѓија, Владимир Гак истакна дека денешниот ден е „историски“ за тој крај.

– Со оваа инвестија на „Тојо Тајерс“ од 382 милиони евра, Инѓија ќе биде впишана на производствената мапа на Европа, но и на целиот свет, рече Гак.

Главен изведувач на работите за изградба на погонот што ќе се простира на површина од 20 хектари, како што додаде Гак, ќе биде јапонската компанија „Такенака“, меѓутоа најави место во проектот и за домашните градежници.

Фото: Инстаграм / buducnostsrbijeav

Рокот за изградба на фабриката е 17 месеци по што се очекува годишно да произведува пет милиони гуми од класата „премиум“ за пазарите во Европа и во Русија. Општина Инѓија го обезбедија земјиштето со површина од 64 хектари и неопходната инфраструктура.

Јапонскиот гигант за производство на гуми „Тојо Тајерс“ е основан во 1945 година, а седиштето на групацијата е во Осака. Нејзините деловни активности се базираат на три основни гранки – гуми, автомобилска технологија и хемикалии. Гумите на „Тојо Тајерс“ се присутни во Европа во последните три децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот