ФОТО | Димитриеска Кочоска со Пленковиќ разговарала за интеграција на пазарите на капитал

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска имаше средба со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ во Загреб.

Како што соопшти таа на Фејсбук, разговарале за важноста на регионалната иницијатива за интеграција на пазарите на капитал – процес кој ќе овозможи подобар пристап до финансии за компаниите, ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе отвори нови можности за економски раст.

Премиерот Пленковиќ ја дал својата силна поддршка за оваа иницијатива.

„Уверена сум дека со заедничка работа ќе изградиме поконкурентни пазари на капитал и ќе обезбедиме подобра иднина за нашите економии“ напиша министерката Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска е во Загреб на дискусија за јакнење на националните пазари на капитал во регионот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот