
ФОТО: Дел до тетовските сообраќајници како офф-роуд патишта
Улицата Љубе Божиновски – Пиш во Тетово, на помалку од еден километар од центарот на градот, како што велат мештаните откако е асфалтирана пред повеќе од половина век градските власти со прст не мрднале за неа. Целата е со дупки, вдлабнатини, без соодветна атмосферска и фекална канализација.
Препорачано
„Иако е наша улица, одбегнуваме да поминуваме низ неа, некаде каде е неопходно мора да се помине, но да стигнеме до некоја локација во градот, кружиме наоколу. Дупка до дупка е улицава. Ако сака некој да вози офф роуд патека, може да да помине низ нашата улица“, вели еден жител на улицата Љубе Божиновски – Пиш.

Во лоша состојба е и улицата Мирче Ацев во овој дел на градот.

Но, сообраќајниците и во останатиот дел од градот се во катастрофална состојба. Како на споредните така и на главните улици може да се видат огромни дупки, нерамнинини, како и излевање на канализациони води.
На делницата Борис Кидрич за која градските власти неодамна изјавија дека се одвоени средства и имаат изработано проект со кој улицата ќе добие нов урбан лик, нема никакви градежни активности.
Оваа сообраќајница е една од најфрекфрентните. Води до училиште, автобуска и железничка станица. Тротоарите се целосно раскопани и се уште стојат бетонски плочки од времето на поранешна Југославија.

„Градот треба да се проширува и да се градат нови улици, булевари, а градската власт не ги одржува ниту постојните. Оваа улица е брука за градот. Секоја година велат ќе ја реконструираат, но на терен нема ништо“, вели еден жител од оваа улица.
Градските власти како и лани повторно со ветување дека пролетва следува реконструкција на руинираните сообраќајници.
Инаку во Тетово повеќе од една деценија не е изградена нова улица, а се чека и пробивање на постојните булевари.