Арбр Адеми и го честиташе роденденот на Гордана Силјановска Давкова/Фото: Слободен печат/Мариела Трајковска

ФОТО | Букет и срдечна прегратка: Арбр Адеми ѝ го честита роденденот на пратеничката Гордана Силјановска

Во ек на жолчната дебата околу измените на Законот за работни односи, кој е дел од пакетот закони врзани со договорот со конзорциумот  „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори 8 и 10Д, кои Владата ги достави во Собранието со европско знаменце, претседателот на собраниската комисија за европски прашања, Арбр Адеми пријатно ја изненади својата колешка од опозицијата, Гордана Силјановска Давкова.

Имено, Адеми стана од пултот и и` подари букет цвеќиња на пратеничката Гордана Силјановска.

Адеми пријатно ја изненади пратеничката Гордана Силјановска Давкова/Фото: Слободен печат/Мариела Трајковска

Додека траеше честитањето на 68-от роденден на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и професорка, нејзините колешки од партијата дофрлаа:

Намевка на лицето на пратеничката Гордана Силјановска Давкова/Фото: Слободен печат/Мариела Трајковска

-Еве сега ќе се гаѓаме со цвеќиња, така е европски, извикуваа пратеничките.

Адеми и подари букет на Силјановска Давкова/Фото: Слободен печат/Мариела Трајковска

Инаку, Владата до Собранието достави пет предлог-закони: за работни односи, за урбанистичко планирање, за градење, за експропријација и за утврдување на јавен интерес за да се донесат по скратена постапка, на што остро се противи опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот