Фото: Инстаграм

ФОТО | Блескаат и во осмата деценија: Џејн Сејмур и Џеклин Смит се фотографираа заедно

Џејн Сејмур и Џеклин Смит на Инстаграм објавија заедничка фотографија и разбудија носталгија кај многу обожаватели кои добро се сеќаваат на нивните улоги од почетокот на кариерата.

Холивудските актерки Џејн Сејмур и Џеклин Смит се познаваат веќе со децениии, а пријателки станале уште како млади актерки кога штотуку се појавиле на холивудската сцена.

А откако не се виделе некое време, 70-годишната Џејн и 75-годишната Џеклин повторното се сретнале и се присетиле на некои убави спомени. Џејн нивната заедничка фотографија ја објави на Инстаграм, а нејзините следбеници заклучија дека и двете изгледаат неверојатно добро за своите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Seymour (@janeseymour)


„Штотуку повторно се видов со Џеклин Смит по сите овие години! Таа е всушност една од првите актерки кои ги запознав на почетокот на кариерата. Многу нешта поминавме заедно и прекрасно е тоа што досега споделивме многу нешта, како нашите заеднички патувања. И еве не повторно, замотани во марамите на љубовта, а таа е моја инспирација“, напиша Џејн во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaclyn Smith (@realjaclynsmith)

Џеклин на гледачите им е најпозната по улогата на Кели Герет во серијата „Чарлиевите ангели“ која беше емитувана од 1976 до 1981 година, додека Џејн во тоа време беше ѕвезда од филмовите за Џејмс Бонд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот