Делегацијата на МПЦ-ОА и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин на приемот во Амбасадата / Фото; Фејсбук

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Архиепископот на Македонската православна црква, Стефан, синоќа заедно со повеќе владици бил гостин на Руската амбасада во Скопје, каде е организиран прием по повод Денот на Руската федерација.

Амбасада на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека на приемот била присутна бројна и висока црковна делегација во чиј состав биле повеќе владици од Синодот на МПЦ-ОА, меѓу кои и вчера избраниот митрополит дебарско-кичевски, Георгиј.

Прием во Руската амбасада во Скопје по повод Денот на Руската Федерација / Фото: Фејсбук

Од фотографиите што ги објави амбасадата се гледа дека во делегацијата на МПЦ-ОА, покрај Архиепископот Стефан, се и митрополитите Петар, Јосиф, Григориј, Георгиј и епископот Климент.

Гости биле и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, како и пратениците Сашко Јанчев, Јована Мојсоска и Драган Недељковиќ. На приемот присуствувале и амбасадорите на Србија, Босна и Херцеговина, Турција, Казахстан, Катар и Кина.

Архиепископот Стефан и вицепремиерот Иван Стоилковиќ на прием во Руската амбасада / Фото; Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот