
Форд повлекува возила поради фабрички дефект на воланот
Американскиот производител на автомобили Форд повлече 115.539 возила во Соединетите Американски Држави поради фабрички дефект на воланот, објави денес Националната администрација за безбедност во сообраќајот на САД. Како што е наведено, постои ризик дефектот да предизвика одвојување на горниот дел од вратилото на управувачкиот столб, што го зголемува ризикот од губење на контролата врз возилото.
Препорачано
Дефектот се однесува на моделите F-250, F-350 и F-450 произведени во текот на 2020 и 2021 година, објави Ројтерс- пренесе Политика.
NHTSA соопшти дека потенцијалниот дефект може да претставува ризик за безбедноста на возачите и патниците, како и на другите учесници во сообраќајот. Сè уште не е објавено дали пријавените инциденти се поврзани со овој проблем.
„Форд“ ќе го провери засегнатото возило преку своите овластени сервисни центри и, доколку е потребно, ќе го поправи или замени засегнатиот дел без никакви трошоци за сопствениците на возилата, се додава во соопштението.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
21мин
-
23мин
-
26мин
-
28мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5