Урсула Фон дер Лајен / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Фон дер Лајен бара Израел да ја преразгледа одлуката за проширување на операцијата во Газа

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека Израел треба да го преразгледа својот план за воспоставување контрола врз градот Газа, пишува Анадолу.

„Одлуката на израелската Влада дополнително да ја прошири својата воена операција во Газа треба да биде преразгледана“, напиша Фон дер Лајен на мрежата Икс.

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за преземање контрола врз Газа, додека земјата ги проширува своите воени операции и покрај засилените критики дома и во странство поради разорната речиси двегодишна војна.

Кабинетот на Нетанјаху објави соопштение во кое детално се опишани одобрените планови за окупирање на градот Газа и петте принципи за завршување на војната, за кои се вели дека се усвоени со мнозинство гласови.

Од Организацијата на обединети нации (ООН) соопштија дека силно се спротивставуваат на проширувањето на израелската офанзива во Појасот Газа.

„Категорично сме против каква било ескалација на конфликтот. Тоа е веќе исклучително деструктивно“, рече Хак.

Според него, конфликтот веќе предизвикал повеќе од 60 000 жртви во речиси двегодишните борби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот