Фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Флик ќе биде новиот тренер на Барселона, познати и детали од договорот

Германскиот тренер Ханси Флик ќе биде новиот тренер на Барселона откако денеска Чави Ернандез и официјално доби отказ од каталонскиот гигант.

Чави нема да ја води Барселона во новата сезона, а веќе се познати и детали од договорот кој Флик го постигнал со Лапорта и раководството на клуб.

Најавите од некои од најпознатите светски новинари се дека Флик ќе стави потпис на договор до 2026 година, но тој би бил 1+1 што значи дека останувањето во втората година би зависело од резултатите на Барселона во сезоната која следи.

Исто така Флик побарал од клубот со себе да го донесе и својот стрчен штаб со кој соработува низ кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот