Игор Филков - пратенички прашања / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Филков по обвинувањата од СДСМ: Ние немаме „златни визи“ и резервна држава

„СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството. Од страна на СДСМ денес повторно слушнавме празна политичка реторика, препакувана во обвинувања кои немаат никаква врска со реалноста. Иронично е токму партијата која со децении го партизираше правосудството, и преку инсталирани кадри, и преку клиентелизам, и преку селективна правда, денес да се претставува како борец за реформи“, рече денеска министерот за правда Игор Филков во реакција на обвинувањата од СДСМ, која го повика министерот да не ги опструира работните групи и наведе дека реформските закони за правосудството „ги нема“.

Наводите за „доцнење“ се целосно неточни. Напротив, реформската агенда се реализира согласно планираната динамика, а дел од законите веќе се на ЕНЕР, во фаза на јавна консултација. Министерството за правда не носи закони набрзина во интерес на поединци, одредени фамилии или интересни групи ниту по налог на партиски штабови. Предлог-законите се подготвуваа преку сериозна анализа, консултација со експерти и усогласување со меѓународните стандарди. Министерството за правда, во координација со Владата, интензивно работи на имплементација на реформската агенда и стратегијата за правосудството (2024–2027). Сите реформски закони кои се подготвуваат се темелни, инклузивни и усогласени со препораките од ЕУ. Закони не се носат за ПР-ефект, туку за системска промена, нешто што СДСМ очигледно не го научи иако имаше шанса“, вели Филков.

Тој додаде дека „наводната конструктивност“ на СДСМ „завршува онаму каде што почнува лицемерието“.

„Нам, што немаме резервна држава, ниту златни визи, целта ни е да направиме трајна и праведна реформа затоа што Македонија е се што имаме. Го повикувам СДСМ наместо со демагогија да се позанимаваат со давање на искрени одговори-како се набавуваат златни визи и колку истите чинат, рече Филков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот