Филипче се сретна со дел од дарителите на ковалесцентна плазма

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со дел од дарителите на ковалесцентна плазма, од која досега се обезбедени вкупно 1732 единици и третирани 1431 пациенти.

– Овие хумани луѓе се само мал дел од дарителите на ковалесцентна плазма, кои со својата несебичност спасуваа човечки животи во пандемијата, напиша министерот на Фејсбук.

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека од 1732 единици ковалесцентна плазма, 157 единици се собрани преку аферезна процедура а останантите преку стандардно дарување.

– Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Оттаму објаснуваат дека лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

– Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот