Венко Филипче / Фото: Фејсбук

Филипче од Радовиш: Жално е колку еден среден град, каков што беше порано, сега е запуштен и задушен во смет

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со граѓани во Радовиш рече дека после четири години од мандатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, општините се запуштени, а граѓаните разочарани.

„Во Радовиш прошетав на плоштадот – страшно и жално е колку еден среден град, каков што беше порано, сега е запуштен и задушен во смет. Инфраструктурата, улиците, чистотата – тоа се клучните индикатори колку градската власт се грижи за граѓаните и за градот. Тука во Радовиш, како и во многу други општини каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници, гледаме целосна негрижа, неспособност и отсуство на визија“, рече Филипче.

Тој вели дека колку и да се обидува власта да ја убеди јавноста дека во државата се живее добро, општините се развиваат, реалноста на терен е поинаква – „граѓаните гледаат и чувствуваат на свој грб дека со оваа власт не се заштитени и живеат полошо од претходно“.

„Граѓаните се разочарани и знаат да казнуваат. ВМРО-ДПМНЕ имаат страшен пад во гласовите на анкетите. За само една година, нова влада која што дојде на власт со толкаво мнозинство на гласови да има таков пад – близу 100.000 гласа, тоа значи дека граѓаните знаат, не можеш да ги прелажеш“, порача претседателот на СДСМ.

Според Филипче, државата мора да се врати на вистинскиот пат, а како што рече СДСМ е подготвен да го предводи тој процес со одговорна и транспарентна политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!