Венко Филипче во М.Каменица / Фото: СДСМ

Филипче повика на мобилизација на изборите: Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на предизборен собир од Македонска Каменица повика на мобилизација на локалните избори и им порача на гласачите дека апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ.

„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении, заедно со СДСМ и коалицијата, за нашиот заеднички дом, за Македонија“, рече Филипче.

Според Филипче, изборите не се само локална трка, туку можност за граѓаните да испратат порака дека државата мора повторно да се врати во рацете на луѓето.

„Борбата за нашиот дом не е само локална и не е само политичка. Тоа е економска борба, борба за достоинство. Се бориме за 500 евра минимална плата, за секој човек да може достоинствено да живее од својата работа. Се бориме за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. За иднина и за надеж“,порача лидерот на СДСМ.

Тој нагласи дека СДСМ секогаш била повеќе од партија, движење за слобода, правда и еднаквост.

Кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Македонска Каменица, по вторпат е Соња Стаменковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот